ФОТО | И официјално: Наместо менување, на регистарските таблички ќе се става налепница „НМК“

Колаж: Слободен печат / Фото: Слободен печат

Во Службен весник бр.114 од 5 јуни 2023 година е објавен Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавањето на регистерските и на пробните таблици

На сите регистарски таблици кои ја содржат буквената ознака „МК“, се става налепница со идентична димензија како вертикално поставената ознака „МК“, на која е испишана националната ознака „НМК“. Ова е новиот член на изменетиот Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на регистерските и на пробните таблици на возилата, кој го подготви МВР, а на 5 јуни е објавен во Службен весник број 114. Дополнително ќе се утврди цената на чинењето на новите налепници, а неофицијално тие ќе може да се набавуваат во станиците за технички преглед во државата. Инаку, обврската за замена на сите регистерски таблички кои не ја содржат ознаката на НМК е најдоцна до 12 февруари 2024 година.

-На сите регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака „МК“, во делот пред регистрационото подрачје се става налепницата на која е испишана националната ознака „НМК“. Налепницата е изработена од рефлектирачка фолија која е отпорна на временските услови и други надворешни влијанија. Формата и големината на налепницата се прикажани со слика во прилогот кој е дел од новиот Правилник – пишува во објавата.

Фото: Слободен печат
Фото:Слободен печат

Владата во средината на мај ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на регистарските таблички, на предлог на МВР, а според министерот Оливер Спасовски, тоа значи дека „ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци за издавање повеќе нови документи/лиценци/сертификати, кои се поврзани со бројот на регистарската табличка, а истовремено во целост се почитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија“.

И граѓаните и транспортерите ја поздравија одлуката на Владата, која ќе им заштеди и време и пари. За одлуката треба да се известат ЕК и другите земји дека ова е официјална владина одлука за да нема проблеми при преминувањето на границите. Ова решение на граѓаните ќе им заштеди 1.600 денари, а на транспортерите ќе им го скуси трошокот од 5 до 10.000 евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот