ФОТО | Навивачите на Вардар го импресионираа новинарот на „Лекип“: Тие се неверојатни, клубот има вистинско злато во нив

Вардар нема да игра во ЛШ поради неподмирени обврски/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометарите на Вардар вчера го доживеаја првиот пораз во Лигата на шампионите, „црвено-црните“ пред своите навивачи загубија со 25:31 од Монпелје, а новинарите на „Лекип“ се импресионирани од атмосферата во СЦ „Јане Сандански“.

Додека ракометарите на Монпелје се радуваа на победата над Вардар, новинарот на најреномираниот француски спортски магазин „Лекип“, Јан Хилдвеин е импресиониран од атмосферата во СЦ „Јане Сандански“ и од навивачите на „црвено-црните“.

Комитите го импресионираа и новинарот на „Лекип“/фото: РК Вардар/Денис Дуковски

Многу се зборува за атмосферата во Скопје. Сакав да дојдам и да го видам тоани рече новинарот на „Лекип“, Јан Хилдвеин.

Иако салата во СЦ „Јане Сандански“ не беше исполнета до последно место поради одлуката на комисијата за заразни болести, салите да бидат исполнети највеќе до 30 проценти од капацитетот, поддршката за ракометарите на Вардар не изостана. „Комитите“ и останатите навивачи во текот на сите 60 минути ги бодреа ракометарите и се обидуваа да им помогнат да направат пресврт, кој за жал не се случи.

Поддршката од трибините не изостана во текот на сите 60 минути/ фото: Слободен печат/Драган Митрески

Навистина е штета што салата не е исполнета до последно место. Атмосферата е фантастична, навивачите не запираат со своето навивање. Би било убаво да се присуствува на натпревар кога салата е исполнета до последно место – ни вели новинарот на „Лекип“ кој исто така беше импресиониран од сцената по завршувањето на натпреварот кога ракометарите дојдоа да ги поздрават „Комитите“ по што во салата ечеше „Вардаре шампионе“.

Врската помеѓу ракометарите и „Комитите“ е нераскинлива/фото: РК Вардар/Денис Дуковски

Ова е апсолутно брилијантно, фантастично. Вардар има вистинско злато, тоа се навивачите. Иако екипата загуби, навивачите останаа во салата за да ги поздрават ракометарите и заедно да пеат. Навистина фантастично – коментира новинарот на „Лекип“, Хилдвеин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот