ФОТО | Храбар чин на 12-годишно момче — го оставило кучето во прифатилиште за да го заштити од насилниот татко
Понекогаш љубовта значи и да го пуштиш оној што го сакаш за да му овозможиш безбеден живот. Токму ова го направил 12-годишниот Андрес од Мичоакан, Мексико, чија трогателна приказна го обиколи и го расплака светот.
Препорачано
Во февруари 2020 година, пред вратите на еден локален прифатилиште за кучиња, вработените нашле кученце од расата питбул, оставено во картонска кутија заедно со една плишана играчка и писмо напишано со детски ракопис:
„Се викам Андрес и имам 12 години. Јас и мајка ми одлучивме да го оставиме кучето во ваши раце, криејќи го од татко ми затоа што планира да го продаде. Тој го малтретира и го шутира. Еден ден го шутна толку силно што му ја повреди опашката. Се надевам дека ќе можете да помогнете и да се грижите за него. Му оставив плишана играчка за да не ме заборави”.

Среќен крај за Рене
Вработените во прифатилиштето го именувале кучето Рене, а откако ја споделиле оваа трогателна приказна на социјалните мрежи, добиле над 300 барања за посвојување. Луѓето од целиот свет биле восхитени од храброста на момчето и неговата мајка, која тајно му помогнала на својот син да го заштити миленичето од насилството во домот.


Нова надеж за семејството
Оваа приказна не завршува среќно само за кучето. Една година подоцна, пристигнаа вести дека Андрес и неговата мајка успеале да го напуштат насилниот дом, се отселиле и конечно започнале нов живот, разделени од таткото.



