ФОТО: Холивудскиот актер Марк Волберг се здебелил 13кг за неговата нова улога

Instagram

Актерот Марк Волберг објави фотографија на својот инстаграм-профил на која се гледа неговата драматична телесна трансформација низ која поминал за само три недели поради неговата нова улога во филмот „Father Stu“.

Минатиот месец американскиот актер во шоуто „Jimmy Kimmel Live!“ откри дека планира да се здебели 13 килограми за шест недели, а во понеделникот на своите 16,3 милиони следбеници им покажа како се одвива неговиот план.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Wahlberg (@markwahlberg)

„Пред три недели и денес“, Марк напиша во описот на две фотографии на кои позира без маица.

Тој ги шокираше сите со оваа објава, а неговите обожаватели беа разочарани затоа што нема ни трага од неговото извајано тело.

Кога зборуваше неговата трансформација поради потребите на улогата, тој рече дека ќе јаде сè што ќе му дојде при раце.

Сакам да одам во пекари, сакам да јадам палачинки, сакам да јадам сè што ќе ми дојде при рака“, рече актерот кој ги шокираше обожавателите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот