ФОТО | Холивуд го отфрли, Загреб го прими: Оскаровецот го посети гробот на Фрањо Туѓман

Кевин Спејси
EPA/PETE MAROVICH / POOL

Оскаровецот Кевин Спејси е во посета на Загреб, каде е во обиколка на гробот на првиот хрватски претседател, Фрањо Туѓман.

Според последните информации, Кевин ќе го глуми претседателот во филмот на Јаков Седлар.

Глумецот беше фотографиран на гробиштата Мирогој во Загреб, каде заедно со режисерот Седлар и филмската екипа, го посетија гробот на претседателот. Засега е познато дека филмот во кој ќе глуми актерот ќе се занимава со операцијата „Олуја“, но не се знае почетокот на снимањето, пренесуваат од Dnevnik.hr

Холивудскиот глумец по доаѓањето во Загреб, направил прошетка низ градот, Загребската катедрала, и како што Седлар раскажува, многу му се допаднал градот.

Кевин Спејси и Јаков Седлар
Кевин Спејси и Јаков Седлар/Facebook

Кевин Спејси стана омразен и отфрлен во Холивуд и дел во светот откако беше исфрлен од мега популарната Нетфликс серија „House of Cards“, поради низа шокантни обвиненија. Освен што луѓето кои работеле со него тврдеа дека се однесувал недолично кон нив, целата куќа од карти се сруши кога Антонио Рапа изјави дека глумецот пробал да го заведе и по таа изјава Кевин доби отказ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kevin Spacey (@kevinspacey)

Кевин Спејси можеби ќе се појави во улога на претседателот Фрањо Туѓман

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот