ФОТО | Хилари Даф се враќа на музичката сцена: Омилената пејачка на милениумците снима нови песни
По долга пауза од светот на музиката, актерката и пејачка Хилари Даф најави големо враќање со нов договор и нови проекти. Таа потпиша со „Атлантик рекордс“ и паралелно подготвува документарна серија која ќе го следи нејзиниот пат назад кон сцената.
Препорачано
Последниот нејзин албум „Breathe In. Breathe Out.“ излезе во 2015 година, а фановите сега ќе имаат можност повторно да ја слушнат со свежа музика.

Документарецот ќе биде режиран од Сем Ренч, познат по проекти како „Бесмислен Божиќ со Сабрина Карпентер“ (A Nonsense Christmas With Sabrina Carpenter) и „Тејлор Свифт: турнејата ‘Ерас’“ (Taylor Swift: The Eras Tour). Според најавите, серијата ќе ги прикаже „успесите, падовите и сè што стои меѓу нив“, а гледачите ќе имаат прилика да ја следат Даф додека балансира меѓу семејството, снимањето на нови песни и подготовките за настапи.
Даф, која својата кариера ја започна со албумите „Metamorphosis“ и „Hilary Duff“, во последната деценија беше повеќе фокусирана на актерството. Таа играше главна улога во серијата „Помлада“ (Younger) од 2015 до 2021 година, а потоа и во „Како го запознав вашиот татко“ (How I Met Your Father), која траеше две сезони.


