ФОТО: Халанд е најдобриот млад фудбалер во Европа!

Ерлинг Халанд ќе ги брани боите на Манчестер сити/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад играч во Европа е Ерлинг Халанд од редовите на Борусија Дортмунд.

Наградата се доделува од 2003 година од страна на торинскиот „Тутоспорт“, а во конкуренција влегуваат сите играчи под 21 година. Норвешкиот напаѓач славеше во голема конкуренција пред две години помладиот Ансу Фати од Барселона, односно Алфонсо Дејвис од Баерн. Наградата ќе му биде врачена на 14 декември годинава во Торино, Италија.

Холанд е веќе познат како еден од најдобрите напаѓачи во светот, што е потврдено со бројките во последните две години. После 11 натпревари во тековната сезона, играчот на бундеслигашкиот клуб постигна исто толку голови и запиша три асистенции. Учинокот на Халанд во претходната сезона вреди за сериозно влегување во трка за „Златната топка“: 44 гола и 10 асистенции на 40 натпревари.

Младиот норвешки ас освои вкупно 302 поени од новинарите од престижните европски редакции. Фати доби 239, а Дејвис 226. Сите други собраа значително помалку.

Еве ја листата на сите претходни освојувачи:

Фото: Википедија

Ова е второ признание „Голден бој“ кое заврши на Вестфален. Првото на „милионерите“ го донесе Марио Геце во 2011 година.

Манчестер јунајтед има до сега три, а кога се во прашање државите, Французите се најбројни со тројца освојувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот