ФОТО: Грајмс се пофали со вонземјанските лузни – Девојката на Илон Маск ја покажа новата тетоважа

Фото: Профимедиа

Светски познатата музичарка и партнерка на Илон Маск, Грајмс, покажа голема тетоважа на грбот, која некои фанови ја опишаа како малку „вознемирувачка“.

Партнерката на Илон Маск, која претходно оваа година откри дека сака да помогне во основањето на човечката колонија на Марс, ја покажа новата тетоважа која ја опиша како „прекрасни вонземјански лузни“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ☘︎??????࿎ (@grimes)


33-годишната музичарка со вистинското име Клер Елиз Бушер фотографијата ја сподели на Инстаграм со своите 1,7 милиони следбеници, а повеќето од нив беа воодушевени, иако во некои реакции се потенцираше дека тетоважата може да биде перцепирана и како вознемирувачка.

За тетоважата е заслужен тату артистот Нуси Кверо, кого Грајмс го означи и во објавата, а го опиша како „вонземјен мозок“.

Грајмс и Илон Маск се во врска од 2018 година, а минатиот мај го добија и синот, кој го нарекоа X Æ A-Xii.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот