Невена, Тања и Лидија Кочовски / Фото: Инстаграм/Лидија Кочовска

ФОТО | Горда тетка – Лидија Кочовска ѝ чува грб на внуката, Нела Павловска

Лидија Кочовска е многу горда на својата внука Нела Павловска, ќерка на нејзината сестра Тања Кочовска и на зетот Предраг Павловски.

Премиерата на претставата „Страв и надеж“ во Македонскиот народен театар беше посебен момент и за младата актерка Нела Павловска, која е дел од актерската екипа на овој нов проект.

За Нела оваа вечер беше исполнета со силни емоции, а големата поддршка во фоајето на театарот ја доби од својата тетка, познатата пејачка Лидија Кочовска. Нивната заедничка фотографија од синоќешната вечер сведочи за блискоста и гордоста на Лидија за успехот на својата внука, која чекори по уметничките стапки на семејството.

Фото: Фејсбук/МНТ

За Нела Павловска, учеството во „Страв и надеж“, под режисерската палка на Татјана Мандиќ Ригонат, е уште еден важен чекор во градењето на нејзината актерска кариера. Во претставата игра и Тања Кочовска, заедно со Александар Микиќ, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Сашка Димитровска, Сашко Коцев, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева и Дамјан Цветановски.

Неодамна, ќерката на Тања Кочовска и Предраг Павловски рече дека е горда на татко ѝ, затоа што никогаш не правел разлика помеѓу неа и нејзиниот брат Александар Ендровски, иако Предраг не му е биолошки татко. Александар е син на Тања од бракот со познатиот актер Владимир Ендровски-Љац, кој, за жал, почина во 2023 година.

„На Тања сум горда затоа што кај неа ништо не е невозможно. Сè може, сè… Едноставно мислам дека таа жена навистина сè може да направи. А татко ми – најгорда на татко ми сум што никогаш во животот, никогаш нема направено разлика меѓу мене и брат ми, иако брат ми не е негов син. А заедно се од кога брат ми имал шест години. Никогаш не направил разлика. Напротив, тие се екипа“, рече актерката во емисијата „Нешто конкретно“.

ФОТО | Емотивен спомен од помладите денови: Тања Кочовска се прости од Кили

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот