Фото: Фејсбук

ФОТО | Голем автомобил се паркирал под кош на Водно, никој не му свири три часа во рекетот

Уште една ситуација која го отсликува степенот на сообраќајна некултура во Скопје е забележана во населбата Водно. Таму, како што се гледа на фотографиите објавени на „Фејсбук“, некој го паркирал својот габаритен автомобил под кошот на локалниот терен за баскет, на кој секојдневно играат децата од тоа маало.

Фото: Фејсбук

Според објавата, повикани биле службите на Паркинзи на Општина Центар, но тие навеле дека не се надлежни да постапат. Кој е надлежен? – прашуваат жителите на населбата, во исто време упатувајќи низа „одбрани зборови“ кон возачот, кои одбравме да не ги пренесеме, иако тој можеби тоа не го заслужува.

Фото: Фејсбук

ВИДЕО | „Безбеден гард“: Уште еден лош бокс-меч меѓу возачи на скопски булевар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот