ФОТО | „Годинава ми беше омилена“: Васил Гарванлиев го слави 39. роденден со крофни и исплазен јазик

Фото: Инстаграм/Васил Гарванлиев

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев денеска го слави својот 39. роденден.

Музичарот, кој живее во Соединетите Американски Држави, сподели роденденски фотографии на своите профили на социјалните медиуми и сподели дека минатата година му била една од омилените досега.

„Уште една година околу Сонцето. Годината што измина ми беше една од омилените години досега. Наздравувам за овој прекрасен ден и за уште подобра година пред мене – полна со љубов, песни, насмевки, успех, музика, здравје, патувања и ‘пакости’. Ве сакам сите“, напиша тој во описот на фотографиите.

Фото: Инстаграм/Васил Гарванлиев
Фото: Инстаграм/Васил Гарванлиев

Гарванлиев е роден на денешен ден во 1984 година, во Струмица. Своите први музички чекори ги направил на детските фестивали во Македонија. Првиот настап го имал на седумгодишна возраст, а најголем успех постигнал со песничката „Марионка“, која ја извел на најпознатиот детски фестивал кај нас – „Златно славејче“. Оваа песна и ден-денес важни за вистински евергрин, кога станува збор за детската музика во Македонија.

На десетгодишна возраст се преселил со семејството во Соединетите Американски Држави. Кога имал 17 години, неговото семејство било депортирано од САД. Во Чикаго, пред да почне да се занимава со оперската музика, тој пеел поп-соло. Потоа живеел во Милано, Италија. На аудиција во Торонто, во Кралскиот конзерваториум бил примен со целосна стипендија и таму останал 9 години. Во текот на својата музичка кариера, Гарванлиев астапувал со многу познати ѕвезди како Нели Фуртадо, Џули Ендрјус, „Њу кидс он д блок“, Енрике Иглесијас, Селин Дион и др.

Во 2021 година ја претставуваше Македонија на Изборот на песна за Евровизија, со песната „Here I Stand“.

ФОТО | Покрај саканиот и пријателите: Васил Гарванлиев го прослави 38-от роденден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот