ФОТО | Го возвраќаат ударот: Меган и Хари објавија нови фотографии, два дена по кралскиот портрет од кој беа изоставени

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Само два дена откако палатата сподели нов портрет на кралското семејство, фотографката Мисан Хариман сподели фотографија од војводата и војвотката од Сасекс како стојат еден до друг и се држат за раце.

Принцот Хари (38) носи црн костум и вратоврска додека покрај нефо стои Меган Маркл (41) и изгледа шик во црвени панталони и црвена блуза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Misan Harriman (@misanharriman)


Војводата и војвотката од Сасекс присуствуваа на самитот, кој се одржа во Манчестер, Англија, на 5 септември кога беше направена фотографијата, а никој не можеше да ги предвиди настаните што следеа.

Нивното патување беше прекинато кога Бакингемската палата на 8 септември објави дека кралицата Елизабета Втора е во лоша здравствена состојба. Таа почина неколку часа подоцна, а Хари не стигна навреме да се збогува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Misan Harriman (@misanharriman)


Новите фотографии на парот, кој се повлече од службените должности во палатата, доаѓаат само два дена по објавувањето на првата заедничка фотографија на кралот Чарлс, кралицата Камила и принцот и принцезата од ВелсВилијам и Кејт Милдтон по смртта на кралицата Елизабета, а на која не се наоѓаат Хари и Меган како дел од кралското семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

ФОТО | Нов официјален портрет на британското кралско семејство

ВО ЖИВО: Вилијам, Кејт, Хари и Меган пристигнаа во Виндзор

ФОТО | Кејт и Меган искажаа почит кон кралицата со внимателно избрани модни детали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот