ФОТО | Го крие приватниот живот како змија нозете: Први фотографии на Камерон Дијаз со ќерката

камерон дијаз
Фото: Профимедиа

Познатата актерка Камерон Дијаз откри на почетокот на 2020 година дека со рокерот Бенџи Маден ја добила ќерката Радикс, а сега тричленото семејство првпат е фотографирано заедно.

Камерон Дијаз се повлече од светот на глумата уште пред неколку години, иако сите ѝ нудеа бројни улоги. Тогаш како причина го наведе тоа дека сака да му се посвети на семејството, далеку од светлата на рефлекторите и црвените теписи.

После бројните љубовни бродоломи, среќата ја пронајде покрај рокерот Бенџи Маден (42), а на почетокот на 2020 година ја шокираше јавноста со информацијата дека станале родители.

Фото: Profimedia

За нејзината бременост се шпекулираше со месеци, иако, всушност,сè уште не е познато дали актерката се породила или ќерката ја добиле од сурогат-мајка.

Сепак, иако ја криеја својата интима од очите на јавноста, папараците конечно ги фотографираа заедно во јавност, а фотографите го обиколија светот со брзина на светлината.

Фото: Profimedia

Двојката беше фотографирана како ја напушта својата вила во Лос Анџелес, одејќи во ресторан, сите лежерно облечени, а Камерон ја носела в раце ќерката. Сите се согласуваат – малата Радикс изгледа преслатко.

Кога станува збор за родителството, актерката никогаш не сакаше да коментира премногу. Единствено откри дека нејзиниот сопруг е прекрасен татко и дека се чувствува среќно бидејќи секогаш ѝ е при рака, а на крајот на денот, таа доби време за себе додека тој се грижи за нивната ќерка.

Фото: Profimedia

Како што стојат работите, таа не планира да се врати наскоро во светот на актерството, барем додека Радикс не порасне.

Видео на денот