ФОТО | Гламур на црвениот тепих на наградите од изборот на критичарите: Џесика Бил, Аманда Сајфрид и вљубениот пар Шаламе – Џенер
Синоќа сè беше во знакот на гламурот! Наградите на филмските критичари (Critics Choice Awards) уште еднаш го потврдија статусот на една од најочекуваните доделувања на награди во сезоната, не само поради филмските и телевизиските достигнувања, туку и поради модните изданија кои редовно ги поставуваат трендовите за месеците што следат. Годинешниот црвен тепих беше вистинска демонстрација на луксуз, женственост и враќање на високата мода, а ѕвездите покажаа како изгледа софистицирана елеганција со современ сјај.
Препорачано
Една од највпечатливите појави на вечерта беше Аманда Сајфрид, која се појави во беспрекорна креација на Валентино. Нејзиниот стајлинг совршено ја балансираше класиката со префинет крој и луксузна едноставност, по која модната куќа е препознатлива. Аманда уште еднаш потврди дека е кралица на суптилниот, но исклучително ефектен гламур.
View this post on Instagram
Големо внимание привлече и Џесика Бил, која имаше вистинско враќање на црвениот тепих по подолга пауза од вакви настани. Таа буквално блескаше во впечатлива Ланвин тоалета која под рефлекторите дојде до целосен израз. Елегантна, женствена и со доза драматика, креацијата совршено ја следеше линијата на телото, додека Џесика зрачеше со самодоверба и холивудски гламур.
View this post on Instagram
Минималистички гламур со романтична нота донесе Лејтон Мистер, која заблеска во фустан на Каролина Херера. Нејзиниот изглед беше олицетворение на елеганција, чисти линии и внимателно одбрани детали. Лејтон уште еднаш покажа дека не е потребно претерување за да се остави силен моден впечаток.
View this post on Instagram
Посебно внимание привлече и Аријана Гранде, која остана верна на својот препознатлив, бајковит стил. Таа се појави во етерична креација на Алберта Ферети, во нежни тонови и со романтични детали, која совршено ја надополни нејзината нова, позрела модна фаза.
View this post on Instagram
Покрај нив, црвениот тепих беше исполнет со ѕвезди од А-листата кои целосно ги оправдаа модните очекувања. Ниту машкиот дел од црвениот тепих не разочара – класичните одела добија свежа интерпретација преку современи кроеви, текстури и суптилни детали.
Сепак, целото внимание го украдоа Тимоти Шаламе и неговата девојка Кајли Џенер, кои пристигнаа последни. Очигледно вљубени, двојката не го симнуваше насмевката од лицето, а Шаламе, кој ја освои наградата за најдобар актер, јавно ѝ се заблагодари на својата партнерка на сцената.
View this post on Instagram
Годинешните Critics Choice Awards јасно го најавија враќањето на раскошот, котур естетиката и личниот моден печат. Ѕвездите избираа креации кои не само што ги следат трендовите, туку раскажуваат приказна за елеганција, самодоверба и силата на модата како израз на индивидуалноста.
Ако судиме според овој црвен тепих, сезоната на награди ќе биде исклучително возбудлива и стилски беспрекорна.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram


