Хомер Џејмс Џигме Гир, Ричард Гир - Дото: Инстаграм/holacom

ФОТО | Генетиката си го направи своето — синот на Ричард Гир и славната Бонд-девојка го освојува Холивуд

Хомер Џејмс Џигме Гир, најстариот син на актерот Ричард Гир, гради сопствен пат во Холивуд. Овие денови гледачите можат да го видат во третата сезона на популарната серија „Еуфорија“, во која го игра Дилан Рид. Иако потекнува од познато актерско семејство, Хомер се труди да изгради сопствен идентитет и име.

Хомер Џејмс Џигме Гир, Ричард Гир – Фото: Инстаграм/smoothradio

Хомер неодамна за „Ентертејмент тунајт“ зборуваше за неговата актерска кариера и за советите што ги добива од татко му. Истакна дека искуството на Ричард со славата и животот во јавноста му е исклучително важно. Како што вели, татко му не го советува толку за самата глума, колку за тоа како да се справува со вниманието и притисокот што ги носат успехот и популарноста.

„Не е работата толку во самата работа, туку во тоа како да се носиш со сè и да останеш приземјен“, рече тој и додаде дека поддршката од татко му му е многу важна.

Иако живеат на различни континенти, Хомер во Лос Анџелес, а Ричард од 2024 година во Шпанија со сопругата Алехандра Силва и нивните синови Александар и Џејмс, тие останаа многу блиски и се во секојдневен контакт.

Ричард Гир за магазинот „Пипл“ изјави:

„Сакам да поминувам време со мојот син. Без разлика дали шетаме низ шума или заедно правиме нешто добро за други луѓе, секогаш сум среќен кога го гледам“.

Хомер Џејмс Џигме Гир, Ричард Гир – Дото: Инстаграм/holacom

Пораснат далеку од гламурот

Хомер е роден во февруари 2000 година во бракот на Ричард Гир и актерката и манекенка Кери Лауел, позната по улогата во серијата „Закон и ред“, како и по тоа што беше една од Бонд-девојките.

Името го добил по дедовците. Хомер по таткото на Ричард, а Џејмс по таткото на мајка му. Средното име Џигме потекнува од тибетскиот јазик и значи „бестрашен“, што се вклопува во долгогодишната поврзаност на Гир со будизмот.

Пораснал далеку од холивудскиот гламур, меѓу Њујорк и Вестчестер. Посетувал приватно училиште, а потоа на престижниот универзитет „Браун“ дипломирал психологија и визуелни уметности. За време на студиите се интересирал за различни области, учествувал во истражувања од невронауката, но и во студентски филмски проекти.

Хомер Џејмс Џигме Гир, Ричард Гир – Дото: Инстаграм/thecitycelebs

Актерска кариера

Ричард Гир претходно изјави дека внимателно ги избирал проектите за да поминува што повеќе време со синот додека тој растел.

„Обично сам носам одлуки за проектите, но внимавам да не бидам долго одвоен од Хомер. Ако тоа би било тешко за него, не би ја прифатил работата. Семејството ми е најважно“, рече актерот.

Хомер Џејмс Џигме Гир, Ричард Гир – Дото: Инстаграм/holacom

Денес Хомер гради сопствена кариера. Освен улогата во „Еуфорија“, ќе се појави и во новата серија „The Shards“ на режисерот Рајан Марфи, работена според хорор-романот на Брет Истон Елис од 2023 година. Во серијата ќе игра и манекенката Каја Гербер, чија мајка Синди Крафорд претходно беше во брак со Ричард Гир.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот