ФОТО ГАЛЕРИЈА | Чувари на рокенрол огинот

Фото: Архива на „Ван Гог“/Драган Каракаш

Ете, заврши и струмичкиот „Егзит“; се изгаснаа светлата на сцената и започна сумирање на впечатоците. По сѐ, се стекна впечаток дека покрај севкупниот сценски инструментариум и употреба на разни компјутери, плеери, лупови и слично, изведбата на музика со глас и стас создаде неспоредлива и неподелива импресија кај присутните на фестивалот во однос на изведувачите со помош на УСБ стикови. Перформансот во живо, изведен од неколкумината актери и нивните инструменти предизвика несомнено поголема импресија во однос на бинарните изведби.

Пример за тоа беа таканаречените ,,ветерани,, на рокенролот – „Ван гог“ од Белград и нивниот настап по авангардната Констракта, Џон Њуман. Зборот ветерани не соодветствува со она што беше прикажано на фестивалот од нив; не чувствувам дека времето на рокенролот изминало, напротив. Единствено нешто со што би се согласила е дека таа музичка форма повеќе не е израз на бунтовништво и гласно барање за промена и критикување на општествените појави, туку нешто друго.

Фото: Архива на „Ван Гог“/Драган Каракаш

Во настапот на белграѓаните се промовираа општо прифатените вредности на човештвото како што се љубовта, толеранцијата, младоста, критика на ријалити програмите, шундот и невкусот во секој смисол. Парадоксално звучи за некој, кој помеѓу другите, ги воспоставил узансите на рокенролот на Балканот со својата вродена експлозивност на сцена, мелодија и стих, но белградските рокери, се испостави, се верни чувари на традиционалните човечки вредности во животот и општеството, кои денес ни се повеќе од потребни.

Фото: Архива на „Ван Гог“/Драган Каракаш

Перформансот на „Ван гог“ во Струмица би рекла дека е очекуван и вообичаен, но таа ,,вообичаеност,, предвидуваше беспрекорна свирка од првата до последната минута на настапот (само нивниот настап траеше 1 и пол час, сите останати имаа време од 60 минути да покажат што знаат, вклучително и Џон Њуман), шегобијност и интеракција со струмичката публика, која унисоно ги пееше нивните песни.

Посебно трогателен момент беше оној кога Ѓуле на струмичани им порача да ги вклучат светилките на своите телефони, да ги насочат кон небото, и на сите сакани кои не се повеќе со нас да им се оддаде почит, љубов и добра мисла. Во темнината на партерот засветлеа и искрени солзи и воздишки… Побогати за едно емотивно патување, се разделивме со „Ван гог“, и како секогаш во животот – секој на своја страна, но со насмевка и задоволство во срцето за едно фантастично доживување. Тоа се „Ван гог“ од Белград.

Фото: Архива на „Ван Гог“/Драган Каракаш
Фото: Архива на „Ван Гог“/Драган Каракаш
Фото: Архива на „Ван Гог“/Драган Каракаш
Фото: Архива на „Ван Гог“/Драган Каракаш
Фото: Архива на „Ван Гог“/Драган Каракаш
Фото: Архива на „Ван Гог“/Драган Каракаш
Фото: Архива на „Ван Гог“/Драган Каракаш

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот