ФОТО: Галатасарај направи „дрим-тим“, Икарди и Мата во Истанбул

фото: EPA-EFE/GALATASARAY PRESS OFFICE

Турскиот суперлигаш Галатасарај летово ангажираше две искусни засилувања, Мауро Икарди и Хуан Мата. Гигантот од Истанбул успеа да постигне договор со аргентинскиот напаѓач и шпанскиот играч за врска во нападот.

Икарди доаѓа како позајмица (до крајот на сезоната 2022/2023) од редовите на ПСЖ каде што немаше голема минутажа, а Мата после осум години во дресот на Манчестер јунајтед се одлучи за нов предизвик.

Галата ќе покрие дел од платата на Икарди во износ од 750.000 евра, додека остатокот од шест милиони евра ќе го плати ПСЖ.

Мата кој би требало да заработува 1,9 милион евра по сезона, потпиша договор со турскиот клуб кој ќе трае до лето 2024 година.

Екипата предводена од тренерот Окан Бурук моментно се наоѓа на седмото место со 10 бодови во шампионатот на Турција, три помалку од водечкиот Бешикташ.

После Икарди и Мата, се зголеми бројот на ѕвезди во тимот во кој се и Фернандо Муслера, Патрик ван Анхолт, Лукас Тореира, Харис Сеферовиќ, Дрис Мертенс…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот