Фото: Инстаграм/Адријана Џилет

ФОТО | Фронтменот на „Металика“ ја запроси партнерката додека пливаа со ајкули: „Рече да!“

Фронтменот на „Металика“, Џејмс Хетфилд (62), објави дека се свршил со својата партнерка Адријана Џилет (46), по три години врска. Веста ја сподели на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија направена под вода.

На фотографијата, Хетфилд е во нуркачка опрема и држи кутија со прстен, заедно со порака: „Адријана Џилет, ќе се омажиш ли за мене?“, додека таа со гест потврдува дека ја прифатила понудата. Во описот на објавата стои: „Рече да!“.

Фото: Инстаграм/„Металика“

Џилет дополнително откри детали за несекојдневната просидба, која се случила за време на заедничко патување.

„Најубавото роденденско изненадување. Пливање со ајкули и најуникатната и најромантична просидба што можев да ја замислам“, напиша таа, додавајќи дека моментот за неа имал и симболично значење.

Хетфилд претходно беше во брак со Франческа Хетфилд од 1997 до 2022 година, со која има три деца. Во јавноста отворено зборуваше за својата борба со зависности и за предизвиците во приватниот живот, особено во периодот на почетокот на 2000-тите.

Во едно интервју, музичарот изјави дека токму стравот од губење на семејството бил пресуден момент за да побара помош.

„Можноста да го изгубам семејството беше најголемиот страв. Тоа беше моето дно и моментот кога сфатив дека морам да направам промена“, изјави Хетфилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот