ФОТО | Ева Лонгорија елегантна во креација на дизајнерот со македонско потекло, Тони Матичевски

Ева Лонгорија во креација на Тони Матичевски
Фото: Инстаграм/Ева Лонгорија

Холивудската актерка Ева Лонгорија повторно го одбра модниот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски да ја „облече“ за јавен настан.

Славната актерка блесна во елегантна, модна креација во впечатлива жолта боја, која ја носеше на петтиот годишен настан на добротворната организација „This is about humanity“. На овој настан во Лос Анџелес ѝ беше оддадена чест на Лорен Санчез, вереницата на Џеф Безос.

Ева Лонгорија во креација на Тони Матичевски
Фото: Инстаграм/Ева Лонгорија
Ева Лонгорија во креација на Тони Матичевски
Фото: Инстаграм/Ева Лонгорија

На фотографиите кои ги сподели на Инстаграм профилот, актерката позира покрај Лорен и Елса Колинс, ко-основачот на организацијата.

Ева Лонгорија во креација на Тони Матичевски
Фото: Инстаграм/Ева Лонгорија

„Многу ми е чест што бев дел од една ваква убава ноќ и ѝ ја доделив на Лорен Санчез, заслужената хуманитарна награда за нејзината дарежливост и посветеност, да им помага на семејствата на границата. Да се ​​каже дека сум воодушевена од тебе Елса Колинс е потценување“, напишала актерката под фотографиите.

Инаку, ова не е прва соработка на Матичевски со Лонгорија. Актерката досега неколкупати се има појавено на различни свечености во неговите дизјанерски парчиња.

Ева Лонгорија во креација на Тони Матичевски
Фото: Инстаграм/Ева Лонгорија

Таа носеше негова креација на промоцијата на својот нов подкаст, како и кога ја доби титулата Дама и прими орден од „Royal Corps of the Nobility of Asturias“.

Тони Матичевски освен Ева Лонгорија, ги има „облечено“ и светските ѕвезди Кристин Стјуарт, Џенифер Лопез, но и Пенелопе Круз.

Ева Лонгорија во креација на Тони Матичевски
Фото: Инстаграм/Ева Лонгорија

Тој е роден во 1976 година, во Мелбурн, Австралија. Неговите родители мигрирале од Македонија, тогаш дел од Југославија. Тој израснал во Седон, предградие на Мелбурн, каде живее голема македонска заедница.

ФОТО | Ева Лонгорија блеска во креација од дизајнерот со македонско потекло, Тони Матичевски

ФОТО | Светско, а наше: Кристен Стјуарт облече креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот