ФОТО | Емина Јаховиќ пристигна во Белград: Во црн костум, како од светска модна писта – пејачката целосно го променила имиџот!
Емина Јаховиќ важи за една од најубавите пејачки во регионот, а неодамна направи вистински бум со својот нов албум.
Препорачано
Многумина тврдат дека по долга пауза, пејачката се вратила со одлична интерпретација на песни кои се многу слушани.
Популарната пејачка Емина Јаховиќ денеска одржала прес-конференција во Сава центар во Белград, по повод концертот што ќе се одржи на 7 ноември во Сината сала, што воедно ќе биде почеток на регионална музичка турнеја која го носи називот „Свитање“, пишува српски „Телеграф“.
Бројни новинари се собрале да разговараат со музичката ѕвезда, а таа пристигнала во Сава центарот кратко пред 12 часот.

Позната по својот добар стил и елеганција, Емина Јаховиќ и овој пат ги оправдала очекувањата. За оваа пригода, таа облекла свечен, црн костум, а стајлингот го комплетирала со темни очила, како и со чевли со високи потпетици напред во шпиц.
Емина изгледала како да излегла од модна писта! А многумина забележале дека го променила имиџот и ги скратила шишките.
Пејачката била донесена во луксузен автомобил со затемнети стакла, а штом излегла, се поздравила со претставници на медиумите, позирала за фотографите, а потоа се упатила кон салата, каде што се одржувала прес-конференцијата и зборувала за сè што подготвила за белградската публика.
ВИДЕО | Извајаните стомачни мускули во преден план: Емина Јаховиќ среде зима скокна во морето


