Елизабет Харли / Фото: Инстаграм/Елизабет Харли

ФОТО | Елизабет Харли лежи топлес во трева, на 60 години го покажа бомбастичното тело

Британската актерка и модел Елизабет Харли (60) повторно ја воодушеви јавноста со својата неверојатна фигура, позирајќи во минијатурно бикини и без горен дел од костимот за капење за провокативната фотографија.

Елизабет позирала во минијатурно жолто бикини додека лежела на ливада. Актерката позирала топлес, вешто покривајќи ги градите со рацете.

Без грам шминка, актерката изгледала сосема природно додека се смеела на сонцето, покажувајќи ги своите совршено обликувани стомачни мускули.

Елизабет Харли топлес во минијатурно жолто бикини/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Опкружена со нарциси, бринетата во описот на објавата напишала:

„Пролетта пристигна! Денес побарав малку витамин Д во прекрасниот Херефордшир. Сè додека ја штитите својата кожа, малку сонце е навистина добро за вас, како ментално, така и за убавината, затоа… намачкајте се со крем и ИЗЛЕЗЕТЕ НАДВОР.“

Обожавателите веднаш го преплавија делот за коментари за да го пофалат нејзиниот изглед.

Еден корисник напишал: „Најубавата жена на светот!!!“, додека друг додал: „Толку секси“. Комплиментите како „Прекрасна си“, „Уф, каква убавица“ се нижеле, а еден следбеник порачал: „Драга Елизабет, пролетта е прекрасна, но жените и цвеќињата се уште пораскошни“. Многумина се согласиле за едно – таа е „убавина која не старее“.

Пред една година, во април 2025 година, актерката ја официјализираше врската со кантри музичарот Били Реј Сајрус, со што ги изненадија сите.

Тие јавно ја потврдија својата романса на Велигден минатата година, објавувајќи заедничка фотографија од полињата на која изгледаа многу заљубени. Носејќи празнични зајачки уши, Били ја бакнал насмеаната Лиз. Оттогаш, тие повеќепати заедно се појавија во јавноста, а и синот на Елизабет беше виден и со нив.

ФОТО | Елизабет Харли ужива покрај базен: Актерката се пофали со сензационалната линија во минијатурно бикини

ФОТО | Елизабет Харли во бикини изгледа како милион долари: Никој не може да поверува дека актерката има 60 години!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот