Елизабет Харли / Фото: Инстаграм/Елизабет Харли

ФОТО | Елизабет Харли ужива покрај базен: Актерката се пофали со сензационалната линија во минијатурно бикини

Елизабет Харли продолжува да ги воодушевува своите следбеници со фотографии во минијатурни бикини. Сончевиот вторник го помина покрај базен и им се обрати на фановите со порака: „Среќен вторник“.

На фотографиите, актерката позира во портокалово бикини што го истакнува нејзиното бујно деколте и витката фигура. Во истиот тон носеше и кошула, како и едноставни обетки.

Харли, која во моментов престојува во Тенеси, во домот на новиот дечко Били Реј Сајрус, не можеше да го сокрие воодушевувањето од својот избор на облека и позираше со широка насмевка.

Елизабет Харли / Фото: Инстаграм/Елизабет Харли

Актерката неодамна проговори за „обичниот живот“ што го живее со Били, шест месеци откако јавно ја открија својата врска. Таа рече дека двајцата се „многу среќни“ и дека, и покрај нивната слава, нивното секојдневие не е толку гламурозно како што мислат обожавателите. Наместо на раскошни забави и настани, парот се опушта со „обични“ активности – одење во продавница и набљудување птици.

Актерката откри и дека му ја шиша косата на својот партнер, а кога одат заедно во пазарување, Били останува во автомобилот – не затоа што би го опседнале фанови, туку затоа што „би му било здодевно“.

Елизабет Харли / Фото: Инстаграм/Елизабет Харли

Слободното време го поминуваат и со семејствата. Харли раскажа дека ќерката на Били, Мајли Сајрус, веќе го запознала нејзиниот син Демијан.

„Децата на Били се прекрасни, а тој помина многу време со Демијан. Сите се сакаат меѓусебно, многу е убаво“, рече актерката.

Таа додаде дека уживаат во набљудување птици, а претходно откри и дека заедно веќе посвoиле две миленичиња – желки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот