ФОТО: Екстремно загадување вечерва во Македонија – воздухот е токсичен во скоро сите градови
Воздухот вечерва во повеќето македонски градови е екстремно загаден, а таму каде што концентрацијата на штетни материи е најголема, загадувањето е и повеќе од 20 пати повисоко од максималните дозволени граници.
Препорачано
Најлоша е состојбата во Скопје (Лисиче), Кавадарци и Кичево, каде индексот AQI (Air Quality Index), кој сублимира повеќе загадувачки параметри, се искачи на вредности над 300, што се смета за „опасно“ ниво на кое не се препорачува престој на отворено поради опасност од акутни проблеми со дишењето. Според ова, најзагаден македонски град вечерва е Струмица, каде индексот изнесува 329.

Нешто подобра, но и натаму алармантна, е состојбата во Кичево, Кавадарци, други делови од Скопје, Гостивар и Тетово, каде вредностите на AQI-индексот се помеѓу 200 и 300.

Екстремно загадување е забележано и во буквално сите поголеми градови во земјава: Прилеп, Охрид, Битола, Велес, Куманово…
Најголемата причина за тоа што воздухот е отровен, според податоците на веб-страницата aqicn.org, кои се собрани вечерва од мерните станици на Министерството за животна средина, се енормните концентрации на честичките ПМ2,5, кои во повеќето македонски градови вечерва се од 10 до 20 пати повисоки од дозволените.


