ФОТО | Единствени фотографии од свадбата на Тома Здравковиќ со втората сопруга! Вака изгледаше Милица која му го скрши срцето

Венчавката на големиот српски пејач Тома Здравковиќ со втората сопруга се одржала во тајност, а сега случајно стигна до медиумите и беа откриени детали за кои малкумина знаеја, пишува „Стори.рс“.

Покојниот кантавтор, сакан низ целиот свет, обожаваше жени, особено една, но за жал, судбината никогаш не го спои.

Се верува дека поради платонската љубов кон колешката Силвана Арменулиќ, Тома со години трагал по „вистинската партнерка“ која ќе може да се справи со неговата ранлива душа склона кон алкохол и коцкање.

Мир прво побарал кај Олгица, со која ја има ќерката Жаклина, а набргу потоа се смирил покрај Милица Божиќ, за која мошне малку се знае.

Тома Здравковиќ и Милица Божиќ/ Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Имено, Милица поминала само две години со Тома, а немањето желба и сила да се справи со неговите маани ја навело да раскине и да се разведе.

Подоцна повторно се омажила и родила две ќерки, благодарение на кои во јавноста стигнаа фотографиите кои најдобро сведочат за тоа како се одвивала венчавката на Тома Здравковиќ со втората сопруга.

Младенците биле исклучително млади, елегантно облечени, а најубавиот детаљ што ги красел и двајцата, била широката насмевка.

Тома Здравковиќ и Милица Божиќ/ Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фотографиите се црно-бели, што говори за периодот во кој се направени, а тоа што ги споделиле ќерките на невестата е доказ дека Милица никогаш не го преболела Том и дека ги задржала сите спомени од него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот