Софија Вергара со ѕвездите од „Модерна фамилија“ - Фото: Инстаграм

ФОТО | Ѕвездите од „Модерна фамилија“ повторно заедно: Софија Вергара покажа што облече за дружбата

Софија Вергара ги израдува обожавателите со ново повторно обединување со дел од актерската екипа од хит-серијата „Модерна фамилија“. Актерката на Инстаграм објави фотографии од дружење со Џули Боуен и Џеси Тајлер Фергусон, а на средбата им се придружи и сопругот на Фергусон, Џастин Микита.

Софија Вергара со ѕвездите од „Модерна фамилија“ – Фото: Инстаграм

Во серијата, која се емитуваше цели 11 сезони, Вергара ја толкуваше темпераментната Глорија Делгадо-Причет, Боуен беше Клер Данфи, а Фергусон – Мичел Причет.

За оваа пригода таа избра припиена кафеав плетен фустан, искомбиниран со кожна јакна во слична нијанса. Косата ѝ беше пуштена, а изгледот го надополни со дискретни обетки и впечатливи прстени.

Софија Вергара – Фото: Инстаграм

Ова не е првпат актерите од „Модерна фамилија“ да се соберат по завршувањето на серијата во 2020 година. Во 2023 година Вергара беше домаќинка на дружба со Боуен и Фергусон со неговиот сопруг во својата вила, а подоцна истата година организираше и поголемо собирање на речиси целата екипа.

Во октомври минатата година Вергара потврди дека актерската екипа и понатаму е многу блиска. „Сè уште сме како семејство“, изјави таа за „E! News“, додавајќи дека имаат заедничка група за допишување и постојано си даваат поддршка.

Во последните месеци актерката е исклучително активна и на професионален план. Неодамна соработуваше со Октавија Спенсер во здравствената кампања „Detect the SOS“, насочена кон подигање на свеста за рано откривање на хронична бубрежна болест кај лица со висок крвен притисок или дијабетес тип 2. Рекламата ќе се емитува на 8 февруари, за време на „Супер Боул“ Super Bowl LX.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот