ФОТО | Џона Хил шокираше со изгледот: Актерот е непрепознатлив откако драстично ослабе
Три години по неговата последна голема улога, актерот Џона Хил повторно се појави во јавноста и тоа во издание кое шокираше многумина.
Препорачано
Актерот, кој ретко се појавуваше на црвените теписи во последните години, пристигна на прес-конференцијата на „Епл“ во Санта Моника изгледајќи послабо од кога било, со што го најави своето враќање на големото платно, пишува „Дејли мејл“.
Поводот е црната комедија „Исход“ во која тој глуми и режира, а негови партнери се Кијану Ривс, Камерон Дијаз и Мет Бомер.

Хил избра опуштена комбинација од широки фармерки и темен џемпер за настанот. Иако беше облечен полежерно од повеќето негови колеги, тој изгледаше уредно и елегантно.
Филмот „Исход“, чија премиера е најавена за 10 април, ја следи холивудската ѕвезда Ривс кој се обидува да ја спаси својата кариера откако се појавува мистериозно видео кое се заканува да го уништи. Хил има повеќе улоги во проектот: покрај глумата и режијата, тој е и коавтор на сценариото и е еден од продуцентите.
Инаку, Хил отворено зборуваше за тоа колку му е тежок односот со сопственото тело со години. Неговата тежина често варирала во текот на неговата кариера, а сериозно почнал да губи килограми во 2011 година, кога се вели дека во еден момент тежел околу 127 килограми.

Во своите интервјуа, тој постојано споменувал дека се справувал со срам поради својот изглед уште од тинејџерските години. Во неговото списание „Внатрешно дете“ од 2018 година, тој напишал дека верува дека „секој носи фотографија со помлада верзија од себе од која се срами“, а во неговиот случај, тоа било „14-годишно дете со прекумерна тежина“ кое се чувствувало грдо и непосакувано, слушало хип-хоп и очајно се обидувало да се вклопи со скејтерите.
Тој, исто така, зборуваше за тоа како неговата тежина била дел од идентитетот што публиката го поврзувала со него како комичар. Во интервју за „Вулчр“ во 2011 година, откако ослабе околу 20 килограми, тој рече дека одлуката да живее поздрав живот дошла со зрелоста, но дека тоа било „тешко затоа што луѓето често сакаат да останете онакви какви што сте биле кога ве запознале“.
Во документарецот „Стуц“од 2022 година, кој го снимил со терапевтот Фил Стуц, Хил разговарал подлабоко за темата. Тој рече дека како дете, вежбањето и исхраната му биле претставени преку пораката дека „нешто не е во ред со начинот на кој изгледам“, а не како дел од неговата грижа за менталното здравје. Тој исто така призна дека растењето со прекумерна тежина „длабоко ме обележало“ и дека внатрешно често сè уште се чувствува како „14-годишник со акни кој се чувствува непосакуван“.

Тој посебно нагласи дека славата му ги отежнала работите уште повеќе. Тој вели дека медиумите со години биле брутални во врска со неговата тежина, што го сметал за директен удар врз неговата најранлива точка. Поради ова, признал, станал дефанзивен и постојано очекувал некој да каже нешто лошо – што го спречило да ги надмине сопствените негативни чувства.


