ФОТО | Драма во семејството на премиерот Борис Џонсон: Новородената ќерка Роми е позитивна на коронавирус

Борис Џонсон и семејството/PrintscreenTwitter
Борис Џонсон и семејството/PrintscreenTwitter

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери деновиве се загрижени со причина – нивната едвај двомесечна ќеркичка Роми е заразена со ковид-19, пренесува „Daily Mail“

Минатата недела од кабинетот на премиерот беше објавено дека член на фамилијата Џонсон е позитивен на вирусот, но немаа детали кој е заразениот. Се претпоставува дека тоа е ќеркичката Роми.

Изворот изјавил:

„Роми е прилично тешко, затоа што се зарази на само пет недели старост, но сега полека закрепнува“

Џонсон не се појави во јавноста откако беше споделено соопштението. Тој беше присутен на интервју за „Скај њуз“ поради скандалот со забавата организирана ноќта пред погребот на принцот Филип.

Малечката Роми со полно име Роми Ајрис Шарлот Џонсон се роди на 9 декември 2021 во Универзитетската болница во Лондон.

Борис и Кери го имаат и синот Вилфред. Кери првото дете, синот, го роди на 29 април 2020 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот