ФОТО: Џејмс Бонд се пензионира! Новиот агент 007 ќе биде Афроамериканката Лашана Линч

Instagram

Глумицата Лашана Линч потврди дека нејзиниот лик Номи ќе биде агентот што ќе ја наследи титулата 007. Со тоа таа ќе стане првата жена која ќе го глуми легендарниот таен агент.

Последниот трејлер за филмот прикажува како Номи заедно со Бонд соработува на решавање на мисија, па се очекува Номи да се појави во повеќе сцени во филмот „No Time to Die“, чија премиера е закажана за 2 април 2021 година.

Иако оваа информација се прошири во јавноста минатата година, Лашана и официјално го потврди тоа во интервјуто за Harper’s Bazaar.

Instagram

Ликот на Бонд е премногу „измазнет“, тоа е во целост спротивно со она за што јас се залагам. Не сакав да ја изгубам приликата кога станува збор за тоа што би можела да претставува Номи. Барав барем еден момент во сценариото каде „црните членови на публиката“ потврдно би кимнувале со главата, да им биде мило што е претставен нивниот вистински живот. Во секој проект што го работам, без оглед на буџетот или жанрот, искуството на црнците што ги претставувам мора да биде 100% автентично“, рече Линч.

Instagram

Кога се појавија информациите дека Линч би можела да биде следниот агент 007, 32-годишната Лашана беше преплавена со негативни коментари, па на крај морала да ги избрише своите налози на социјалните мрежи.

Instagram

„Јас сум жена со црна кожа и знам дека поради тоа ќе бидам мета на многу расправи и негодувања. Секогаш се потсетувам дека ова се случува и дека сум дел од нешто многу, многу револуционерно“, рече Лашана.

Instagram

„Јас сум само една црна жена – да се работеше за која било друга црна жена, би предизвикало исти полемики, би доживеала исти напади и злоставување“, додаде Лашана.

Instagram
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот