Напат Митмакорн работи на тетоважата на неговиот вујко во Тајланд / Фото: MANAN VATSYAYANA / AFP / Profimedia

ФОТО | Деветгодишно момче од Тајланд стана тату артист: Техниките за тетовирање ги учи преку Тикток видеа

Деветгодишното момче Напат Митмакорн вешто ракува со машинката за тетовирање со своите детски раце во ракавици и вешто скицира долга змија пред зачудените посетители на салон за тетовирање во Бангкок. Тој вели дека сака да стане професионален тату артист и да отвори свој салон, пренесува „Франс24“.

„Сакам да станам тату артис и да отворам свој салон. Ја сакам уметноста, па затоа сакам и тетовирање“, изјавлаи тој за „Франс24“ од својот штанд, каде што фасцинираните посетители застануваат да ги фотографираат неговите дела.

Еден посетител кој застанал покрај штандот на момчето се восхитувал на неговата прецизност ирекол дека знае дека тетовирањето не е толку лесно како цртањето на хартија. Инаку, тетовирањето е древна тајландска традиција. Бројните салони нудат секаков вид дизајни – од традиционални до помодерни.

Фото: MANAN VATSYAYANA / AFP / Profimedia

Таткото на Напат Митмакорн, Натвут Сангтонг (38) е аматер за тетоважи и вели дека го запознал својот син со овој вид уметност за да го оддалечи од мобилниот телефон, бидејќи станал зависен од игри и не можел да се концентрира.

Сангтонг вели дека „не е само тетовирање“, туку „со текот на времето ова стана како медитација“. Таткото и синот учат за техниките на тетовирање преку упатства на Тикток и вежбаат прво на хартија, а потоа преминуваат на вештачка кожа која симулира човечка кожа и дури на крајот прават тетоважи на луѓе.

Со оглед на тоа дека уметноста била омилена тема на младиот тетоважист на училиште, неговиот татко, препознавајќи го неговиот талент, решил сега да му посвети речиси два часа дневно, три пати неделно, на неговото учење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот