Фото: „Слободен печат“

ФОТО | Десетици камиони заглавени кај Скопска Црна Гора, шоферите велат дека поради метежот можеби ќе спијат во возилата

Огромна колона со десетици камиони денеска се забележува на патот кај Скопска Црна Гора, каде тие се практично заглавени. Дел од шоферите за „Слободен печат“ велат дека колоната се протега до преминот Блаце, а поради гужвата можеби ќе треба да спијат во камионите.

Фото: „Слободен печат“

Според АМСМ, колоната е најверојатно поради пренасочувањето на товарниот сообраќај од Стенковец до бензинска пумпа „Дизел“, за што е јавено утрово уште во 06:45 часот.

„Дојавата за пренасочувањето е од Бирото за јавна безбедност, сектор за известување и координација“, кратко одговорија од АМСМ за „Слободен печат“, без да прецизираат зошто се врши пренасочувањето.

Европска комисија: Потребно е системско решение на ниво на ЕУ за проблемот со возачите на камиони

Последно, ни се јавија од Асоцијацијата „Макам-транс“, од каде пак велат дека, во комуникација со нашата царина, добиле информација дека застојот настанал поради проблем со косовската страна.

„Застојот веќе е надминат, се работи на намалување на гужвата“, ни одговорија од „Макам-транс“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот