ФОТО | Данијела Мартиновиќ за новите почетоци: Начинот на кој се запознавме со Јосип беше како филмско сценарио

Фото: Инстаграм/Данијела Мартиновиќ/Ѕвонимир Ферина

Хрватската пејачка и писателка Данијела Мартиновиќ ја завршува 2023 година како вистинска победничка – ја објави својата петта книга „Туширање на душата“ („Tuširanje duše“), која во моментов е најчитаната автобиографија во Хрватска, повторно ѝ се случи љубов и неодамна сними нов музички хит, со најважното споредно нешто за жените – нова фризура.

„’Наполни го животот со почетоци’. Ова е реченица од мојата книга и е мојот животен лајтмотив. На некој начин стана и останува мој животен предизвик, причина да го откријам своето вистинско јас, но и да ги поттикнам читателите да имаат нови погледи на животот. Колку успеав, не знам, но добивам пораки за книгата и тоа е најдоброто нешто што ми се случило. Исто така, многу се израдував кога слушнав дека, во моментов, е најчитаната хрватска автобиографија, а втора на листата на странски, веднаш по Метју Меконахи. Па, потоа следи принцот Хари“, вели таа за хрватска „Глорија“.

Фото: Инстаграм/Данијела Мартиновиќ/Ѕвонимир Ферина

Оваа година, нејзината заразна насмевка беше надополнета со нов сјај во очите, таков каков што го имаат само среќно заљубените жени. Имено, лошото искуство со кражба на идентитет преку Интернет, кое во полиција го пријавил нејзиниот адвокат, неочекувано се претворило во љубов. Сѐ започнало со еден телефонски повик, што очигледно морал да се случи и ја споил со криминалниот инспектор Јосип Плавиќ, кој брзо го разрешил случајот со колегите. Откако се запознале, поминале многу време разговарајќи, откриле дека споделуваат исти вредности, погледи за животот и светот околу нив.

„Кога најнеобичните околности ќе спојат двајца апсолутни странци, кои дотогаш ништо не знаеле еден за друг, тогаш ќе ви текне дека тоа би можело да биде филмско сценарио. Поминуваме убави моменти“, вели пејачката.

Фото: Инстаграм/Данијела Мартиновиќ/Ѕвонимир Ферина

Искусниот полицаец, кој ја освои пејачката, во музичките кругови е добро познат како рок пејач и гитарист. Тој е член на бендот „Изван закана“, во чии рамки компонира, свири гитара и пее.

„Во моментот на нашиот прв контакт, и Јосип и јас бевме сами и не баравме нова врска. Кога сте закотвени во вашиот мир, животот природно ја оркестрира мелодијата на секојдневието. Тогаш партнерот ви доаѓа како одговор на тој мир и е личност која ја дели среќата со тебе. Единствено што ти треба е да се пуштиш“, откри пејачката.

Петар Грашо е минато: Даниела Мартиновиќ има ново момче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот