ФОТО | Данијела Димитровска насмеана и среќна со новото момче: Прва заедничка фотографија од парот

Фото: Инстаграм/Данијела Димитровска

Една од најубавите Србинки, Данијела Димитровска минатата година се разведе од водителот Огњен Амиџиќ, со кој го има синот Матија.

Манекенката подоцна ја потврди врската со шест години помладиот фудбалер Јеврем Косниќ, но нагласи дека тој не сака да се појавува во јавност и дека таа го почитува тоа.

Иако не сакаат јавно да ја прикажуваат врската, сега на своите Инстаграм профили ја објавија првата заедничка фотографија, од одмор. На „сторито“ кое го споделија двајцата, Данијела е во прегратка на своето ново момче и навистина изгледаат вљубени и среќни.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Данијела Димитровска

Многумина велат дека манекенката изгледа подобро од кога било досега, а тоа речиси секојдневно го потврдува со објави на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/Данијела Димитровска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот