ФОТО | Дани Димитровска во посета на синот во Холандија: Пејачката и Лазар уживаат во прошетките низ холандската калдрма
Познатата македонска пејачка Дани Димитровска дел од есенските денови одлучи да ги помине во Холандија во посета на нејзиниот син. Тој веќе неколку години живее во земјата на лалињата, а Дани често го посетува и ужива во времето поминато со него.
Препорачано
Овој пат, пејачката на социјалните мрежи сподели серија фотографии на кои може да видиме како ужива во прошетките низ холандската калдрма во Мастрик, во друштво на нејзината најголема гордост – синот Лазар.
Облечени во топла и удобна облека тие ги разгледаа знаменитостите и уличките низ градот кои веќе зрачат со празнична магија.
„Долгите прошетки низ холандската калдрма ми е омилена активност… во чекорот со него. До него“, напиша таа покрај фотографиите.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Лазар, минатата година дипломираше на Универзитетот во Ајндховен, а годинава магистрираше. Иако живее во Холандија, тој не ја пропушти свадбената прослава на мајка си и нејзиниот избраник Горан Веселиновски, која се одржа пред три месеци во Скопје.
ФОТО | Дани Димитровска една година по свршувачката, повторно се заколна на вечна љубов


