Дани ДИмитровска со синот Лазар - Фото: Инстаграм

ФОТО | Дани Димитровска ужива во долгите пршетки со синот Лазар во Холандија

Пејачката Дани Димитровска неодамна го посети својот син Лазар во Холандија, при што ги воодушеви обожавателите со својот моден избор додека се шетаа низ улиците на Мастрихт.

„Најмногу уживам во долгите прошетки по холандската калдрма … чекорејќи покрај него“ – напиша Дани, споделувајќи неколку фотографии кои ја прикажуваат нивната близина и мајчинската љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dani Dimitrovska (@danidimitrovska)

Лазар веќе неколку години живее во Холандија, каде неодамна дипломираше на престижниот Универзитет за применети науки во Ајндховен. Кога таа доаѓа да го посети Лазар тие истражуваат различни градови, запознавајќи ја културата и убавините на Холандија.

За овој период од годината Дани избра впечатлив капут со необичен принт на грботот, комбиниран со жолти гумени чизми и кафеава шубара, што ја истакна нејзината прекрасна сина боја на очите.

Покрај стилот, посета на Лазар за Дани значи и можност да помине квалитетно време со својот син, што го прави секое патување незаборавно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот