Дани Димитровска / Фото: Фејсбук/Дани Димитровска

ФОТО | Дани Димитровска како играорка во носија, ваква не ја знаеме

Дани Димитровска изненади со фотографии во издание во какво не сме навикнати да ја гледаме.

На сликите пејачката е облечена во народна носија. Таа претходно најави дека ќе одржи концерт со нејзиното фолклорно друштво, а фотографиите што ги објави се од зад сцената.

Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм

Инаку, Дани пред неколку години ја преработи македонската народна песна „Каранфило, филфило моме“ во етно-џез манир, заедно со Ана Костадиновска и Сара Пројковска, која за жал загина во пожарот во Кочани на 16 март лани.

„Овој уметнички израз во синергија е подигнување на вибрацијата на македонската музика како идентитет; како љубов, спознавање и еднување“, рече Дани за првата песна од овој проект.

Дани Димитровска, која во септември лани се омажи за својот сакан Горан Веселиновски – Весел, во една прилика се отвори за својот брачен живот.

„Ние сме многу долго време заедно, живееме заедно веќе девет години, така што не мислам дека нешто е сменето, сѐ си е најнормално како што било и претходно. Баш се шегуваме на таа тема, што треба да се смени за да се почувствуваме дека сме официјално сопруг и сопруга“, рече пејачката за „Хајп“ и додаде:

„Тоа беше една забава за да заокружиме 10 години од нашето заедничко постоење. Па си рековме, кога веќе правиме забава, зошто да не биде официјално, да ги усреќиме нашите родители и така натаму“.

Со Ана на ТИ | Дани Димитровска: „Не би била добра пејачка ако не си ја отворам душата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот