Дани Димитровска - Фото: Слободен печат/ Методи Здравев

Со Ана на ТИ | Дани Димитровска: „Не би била добра пејачка ако не си ја отворам душата“

Вечерва со почеток во 19 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“ во најновата епизода на „Со Ана на ТИ“ гостува Дани Димитровска, пејачка чија рок-бунтовност и кревкост одат рака под рака. Разговаравме за патот по кој тргнала уште од детството, за музиката што ја формирала како личност и за малите борби што ја направиле посебна – меѓу нив и нејзиното препознатливо „р“, кое од мака се претворило во нејзин заштитен белег.

Со Дани навлеговме и во светот на публиката со која има неверојатна конекција, во домот во кој пораснала со родители што биле пример за сила и љубов, и во сите оние животни улоги што ги носи денес – сопруга, мајка, жена што сака, греши, простува и расте.

– Музиката, самиот текст, секогаш носи некаква порака. И тоа е убавината на музиката. Нешто што јас сум го отпеала на свој начин за мене буди одредени чувства, а кога ти го слушаш, може да ти предизвика сосема поинаква емоција. И тоа е сосема природно.
Често се отвора тема — зошто некој ја доживува песната на еден начин, а јас ја пеам поинаку. Но ние пејачите, интерпретаторите, всушност сме гласноговорници. Ние пренесуваме пораки. И според мене е многу важно сето она што го пеам навистина да го почувствувам.
Затоа што ако не го доживеам искрено, не можам да ја пренесам целата суштина на песната, онака како што авторот ја напишал и замислил. Морам секогаш да бидам со отворено срце и душа, да примам за да можам да пренесам. Во спротивно, не би била добар интерпретатор – вели Дани.

Ова е епизода исполнета со емоции зрелост и вистини што допираат. Дани зборува онака како што и пее – од срце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот