Дов Камерон, Дамиано Давид - Фото: Инстаграм

ФОТО | Дамиано Давид се сврши со ѕвездата на Дизни: На нејзината рака блесна дијамантски прстен

Врската на славниот пар започнала во 2023 година, кога Дов Камерон била видена на концерт на бендот „Манескин“ во Њујорк.

Актерката и пејачка Дов Камерон, позната по својата улога во Дизни франшизата „Descendants“ и Дамиано Давид, фронтмен на италијанскиот бенд „Манескин“ и победник на Евровизија 2021 година, се свршиja по две години врска.

Парот бил забележан во Сиднеј, Австралија, каде што Камерон на раката носела дијамантски прстен, што поттикнало шпекулации за свршувачката. Фотографиите од парот брзо се прошириле на социјалните мрежи, а иако нивните претставници сè уште не се огласиле, магазинот „ТМЗ“ тврди дека станува збор за свршенички прстен.

Камерон (29) и Давид (26) биле фотографирани додека шетале насмеани и среќни. Актерката носела елегантен црн капут и бела кошула, додека Дамиано бил облечен во полежерна црна комбинација.

Почетокот на месецов, Камерон ја одбележа втората годишнина од нивната врска со емотивен пост на Инстаграм, во кој напиша:

„Двете најдобри години од мојот живот. Плачам барем еднаш неделно затоа што животот стана толку убав откако си во него. Те сакам на начин што не може да се опише со зборови.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DOVE (@dovecameron)

Врската на славниот пар започнала во 2023 година, кога Камерон првпат била видена на концерт на „Манескин“ во Њујорк. Потоа парот сè почесто се појавувал заедно, а својата романса ја потврдиле во февруари 2024 година, со заедничко појавување на црвениот килим на гала вечерта на Клајв Дејвис, во пресрет на доделувањето на Греми наградите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот