
ФОТО | Дали вака изгледал Моцарт? Истражувачи направиле реконструкција на неговото лице врз основа на черепот од Моцартеумот
Волфганг Амадеус Моцарт (1756-1791) е еден од најголемите композитори во историјата. И неговиот живот и неговата смрт беа проследени со разни контроверзии, па не е чудно што не го заобиколија наводниот череп на Моцарт, кој се чува во Моцартеумот во Салцбург.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Меѓународен тим на истражувачи направил форензичка апроксимација на лицето врз основа на тој череп, т.е. ни претставија можно појавување на познатиот композитор. Се разбира, под услов черепот од Моцартеумот да е автентичен.
Студијата „Приближување на лицето на контроверзниот череп што му се припишува на Волфганг Амадеус Моцарт (1756-1791)“ беше објавена во „Anthropological Review“.
View this post on Instagram
– Според една верзија на приказната за черепот, која е најчесто прифатена, на погребот на Моцарт присуствувале двајца погребници, а еден од нив, Јозеф Ротмајер, го одбележал местото на гробот. Години подоцна, кога областа била исчистена за нови гробници, гробарот го зел черепот и го сочувал. Подоцна, тој му го предал черепот на неговиот наследник Јозеф Радшорпф, кој пак му го предал на музичарот Јакоб Хиртл (1799-1868). Кога Хиртл починал, черепот му бил даден на неговиот брат, анатомистот Џозеф Хиртл (1810-1894). Од 1895 до 1900 година не се знаело што се случило со него, а во 1901 година, Џозеф Шофел (1832-1910), куратор на донацијата Хиртл, објавил дека черепот што мистериозно исчезнал бил пронајден во една од зградите. Черепот потоа бил дониран на Моцартеумот во Салцбург во 1902 година – се наведува во трудот потпишан од Цицеро Мораес, Јиржи Шинделар, Михаел Е. Хабих, Лука Синео, Тијаго Беаини, Елена Варото и Франческо Марија Галаси.
Како што додаваат авторите, постојат неколку контроверзии околу автентичноста на черепот на Моцарт, а една од нив е разликата во бројот на забите. На пример, черепот од Моцартеумот има 11 заби, а описот на писателот и поет Лудвиг Август Франкл (1810-1894) зборува за 7 заби додека бил во сопственост на Хиртл. Черепот беше анализиран неколку пати и некои научници заклучија дека е автентичен, а други дека не е.
– Нашата студија е независна и нема никаква врска со институцијата што ги чува посмртните останки на Волфганг Амадеус Моцарт, ниту со универзитетите и институциите кои претходно ја проучувале. Мотивацијата за нашата статија е да создадеме дидактички материјал кој ја објаснува техниката на приближување на лицето, преку тестирање на можноста за реконструкција на лицето користејќи податоци што првично беа достапни во написи во весници, онлајн медиуми, книги и академски списанија – изјавија истражувачите.
Добиле 6 слики – 3 се објективни верзии, црно-бели бидејќи нема информации за бојата на кожата и со затворени очи, бидејќи формата и бојата на очите се непознати, како и без коса, мустаќи и брада, а 3 се верзии со субјективни и уметнички елементи. Добиени се повеќе субјективни верзии, додаваат, со рачна обработка, но и со примена на вештачка интелигенција (ВИ).