Дејвид Духовни до перика и во мини здолниште за потребите на новата улога/Фото: Принтскрин/Икс

ФОТО | Дали ќе го препознаете: Холивудската ѕвезда беше најголем заводник во 90-тите години

Актерот Дејвид Духовни ги шокирал обожавателите со драстичната трансформација за својата нова улога во филмот „Soapbox“, поради која многумина не го препознаа.

 


Духовни ја стекна светската слава во серијата „Досиеја Икс“, која се емитуваше од 1993 до 2002 година, во која го глумеше ликот на Фокс Малдер. Неговиот најпрепознатлив лик обично беше облечен во елегантни костуми, додека поради својот нов лик прифатил сосема поинаква естетика. Актерот бил фотографиран на снимањето на неговиот најнов проект, облечен во црно мини здолниште со светки, црна чипкана блуза и хулахопки.

 

За непрепознатливиот изглед е заслужна и русата перика, а изгледот на својот лик го комплетирал со очила за сонце и црвен кармин. На нозете носел нешто полежерно – сиви домашни влечки.

Помеѓу сцените, Дејвид ја извадил периката, па ја покажал својата природна коса, која беше залижана назад. Судејќи според фотографиите, Духовни одлично се забавувал на снимањето, а неговата голема промена го привлекла вниманието на јавноста.

Дејвид Духовни и Џилијан Андерсон/Фото: Wikimedia Commons

Духовни во новиот филм глуми заедно со Лаверн Кокс, позната по улогата во серијата „Портокаловата е новата црна“, а учествувал и во пишувањето на сценариото. Како што пишува „Дедлајн“, „Soapbox“ се фокусира на остарена ѕвезда на сапуници која се соочува со апсурдите на денешните културни војни. Во филмот улога има и ќерката на актерот, Вест Духовни, која ја доби со поранешната сопруга Теа Леони. Во актерската екипа се и Рендал Парк, Џими Симпсон и Џенифер Греј.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот