ФОТО | Цветлана Црнокрак прослави јубилеј, годините никој не би ѝ ги дал
Светлана Црнокрак има голема причина за слваење, која ја сподели на нејзиниот фејсбук-профил.
Препорачано
Таа наполни 50 години, и до сликата напиша: „На здравје за златните 50“. Светлана и денес важи за една од најубавите жени во нашиот јавен живот, модел од кој младите учат. Своето искуство како манекенка, модел и наградувана Мис, таа денес го споделува со помладите модели кои се членови на модното студио „Црнокрак“ кое го водат заедно со сопругот Мики. Таа е уште активна како модел на одредени ревии и настани.
Под роденденската фотографија, Светлана доби многу честитки од пријателите, а меѓу нив се и оние од Билјана Дебарлиева, Татјана Стојановска, Живкица Каленикова, Петар Георгиевски-Камиказа и многу други.
Во една прилика, во „Слободен печат“, таа зборуваше за тоа како ја одржува линијата.
„Уште како девојка сум била склона на тоа дека и вода да се напијам ќе се „фати“ за мене, а не храна… па решението го гледав во диетите. Мислам дека сум ги испробала сите можни диети. Се сеќавам како средношколка и кога одев на училиште, во текот на одморот помеѓу часовите другарките јадеа тостови и сендвичи, а јас носев од дома некоја чорба со магдонос и си ја јадев. Буквално секогаш бев ненајадена. Во тоа време не беа актуелни нутриционисти, немаше интернет и слично, туку ги применувавме диетите што ќе ги слушневме или по препорака од некого. Но, сега работите се сменети. Според мене, диетите со гладување и неконсумирањето доволно храна се нездрав начин на исхрана кои негативно делуваат и на физичкото и на психичкито здравје. За мене, диета претставува консумирање здрава храна, добро искомбинирана и надополнета со физичка активност“, рече Светлана Црнокрак.


