ФОТО | „Circles“ ќе се пее во Торино: Андреа е победничката на Националниот избор за песна на Евровизија!

Андреа Евровизија
Фото: Фејсбук/Евровизија Македонија

Вечерва, со почеток од 21:15 часот, на Националниот сервис МТВ1, во емисијата Стисни Плеј се оддржа Националниот избор за песна на Евровизија во кој зедоа учество шест изведувачи.

Во студиото, секој со својот тим, беа шестмината музички претставници меѓу кои – Виктор Апостоловски, Калина Велковска, Лара Иванова, Јон Ајди, Ris Flower и Андреа Коевска и трпеливо го очекуваа главниот миг – Кој ќе победи?

Изборот беше до последниот миг неизвесен, затоа што песната на Андреа и на Виктор Апостоловски беа со изедначени бодови, но пресудни беа поените од жирито.

Победничка на изборот е Андреа со песната „Circles“; која е целосен производ на продуцентот Александар Масевски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea (@andreamusic20)

Андреа оди во Торино, честитки и со успех на светската сцена!

 

Разговор со Андреа во пресрет на Евровизија: Кога веруваш во себе и својата песна, тоа е доволно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот