ФОТО | Ченинг Тејтум ја покажа огромната лузна од операцијата: „Мислев дека ќе бидат две мали дупки“
Холивудскиот актер Ченинг Тејтум (45) сподели фотографија од последиците од неодамнешната операција на рамото, откривајќи долга лузна за која призна дека очекувал дека ќе бидат „две мали дупки“, пишува „Пипл“.
Препорачано
„Не лажам, моја вина е што не прашав. Мислев дека ќе бидат две мали дупки. Очигледно не е така. Хехехе. Па, не е важно, секако сакам лузни и се чувствувам посилно од ден на ден, па ви благодарам докторе“, напишал Тејтум во описот на фотографијата што ја сподели на Инстаграм на 19 февруари, неколку недели откако беше подложен на операција поради одвоено рамо.

Тој продолжил да се шегува за металниот шраф што му ги држи коските заедно, додавајќи:
„Исто така, сакам да поминувам низ обезбедувањето на аеродромот прашувајќи се дали моето рамо ќе ја исклучи машината“.
Актерот сподели рендгенска снимка од видливо скршени коски, а потоа објави фотографија од голем шраф што му ги држи коските заедно.

Тејтум на 3 февруари објави фотографија на Инстаграм од болничкиот кревет додека се подготвувал да оди под нож за „одвоено рамо“.
На црно-белата фотографија, можеше да се види како лежи на креветот носејќи болничка облека и капа.
„Уште еден ден. Уште еден предизвик. Овој ќе биде тежок. Но, што и да е. Ајде да го направиме тоа“, напиша тој.
Тејтум не откри како се случила неговата повреда, иако актерот е познат по тоа што прави многу од своите каскадерски движења во филмовите. Во септември, тој изјави за „Вариети“ дека се повредил во текот на снимањето на филмот „Avengers: Doomsday“, чија премиера е закажана за декември 2026 година.
„Вариети“ објави дека Тејтум се појавил на интервјуто кривејќи на едната нога и дека неговиот дублер морал да преземе многу од неговите потешки сцени во филмот, при што актерот требало да се подложи на интензивна физикална терапија поради повредата на ногата.
Како што изјави за медиумот: „Едноставно мразам да стареам. Во моите мисли, буквално сè уште имам 30 години – 26, ако сум искрен“.


