Фото: Инстаграм/Ченинг Тејтум

ФОТО | Ченинг Тејтум бил опериран: Актерот се огласи со фотографија од болничката соба, откри каква му е состојбата

Ченинг Тејтум имал хируршка интервенција поради таканаречено „раздвоено рамо“. Имено, американскиот актер сподели фотографија од болничкиот кревет, непосредно пред да биде опериран. На црно-белата фотографија, ѕвездата на филмот „Магичниот Мајк“ (Magic Mike) лежи облечен во болничка наметка и капа.

„Само уште еден ден. Уште еден предизвик. Овој ќе биде тежок. Но, нема врска. Ајде да го поминеме“, напиша тој покрај фотографијата.

Фото: Инстаграм/Ченинг Тејтум

Под објавата, поддршка му даде и неговата девојка, манекенката Инка Вилијамс, која напиша: „Голем лош волку (емоџи со срце), ќе го пребродиме ова“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Подоцна, Тејтум преку инстаграм-приказна објасни што точно се случило. Во првата објава сподели рендгенска снимка од горниот дел на раката и рамото, на која јасно се гледа дека две коски се одвоени.

„Раздвоено рамо“, кратко напиша тој.

Фото: Инстаграм/Ченинг Тејтум

Во следната објава, по операцијата, сподели нова рендгенска снимка на која се гледа голем штраф што ги држи коските заедно.

„Зашрафено рамо. Јееј“, иронично напиша актерот.

Фото: Инстаграм/Ченинг Тејтум

Тејтум не откри како точно дошло до повредата, но познато е дека често сам изведува каскадерски сцени во своите филмови.

Инаку, уште во септември минатата година, актерот во интервју за „Варајети“ изјави дека се повредил за време на снимањето на филмот „Одмаздници: судниот ден“ (Avengers: Doomsday), кој треба да излезе во декември 2026 година. Според медиумот, Тејтум на интервјуто се појавил со видливо проблематично одење, а неговиот дублер морал да преземе дел од физички потешките сцени.

Тој тогаш најави дека ќе мора да помине низ интензивна физикална терапија поради повредата на ногата.

ВИДЕО | Ченинг Тејтум за периодот кога беше стриптизер: „Тоа не е добар свет, изгледаше како кловновска претстава“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот