ФОТО | Бред Пит лансираше ексклузивна модна колекција инспирирана од мотоциклите „Харли Дејвидсон“
Американскиот актер Бред Пит, во соработка со легендарната компанија „Харли Дејвидсон“, лансираше ексклузивна модна колекција инспирирана од мотоцикли.
Препорачано
Колекцијата „капсула“, која обично вклучува ограничен број разновидни облеки и додатоци што можат да се комбинираат, е инспирирана од винтиџ модели и логоа, е целосно произведена во Италија и вклучува капи, маици, карирани кошули, џемпери и дуксери со качулка.
View this post on Instagram
Сите парчиња на брендот, претежно произведени во Тоскана, се карактеризираат со врвен квалитет и изработка.
Актерот, познат по својата страст кон мотоциклите „Харли-Дејвидсон“, чува колекција од винтиџ и ретки модели од фабриката во Милвоки во својата гаража.
Оваа модна иницијатива го следи успехот на луксузниот бренд „God’s True Cashmere“, кој Бред Пит го лансираше во 2019 година со својот пријател Сет Хари.
Откако го посети музејот „Харли Дејвидсон“ во Милвоки, каде што истражуваше мотоцикли и винтиџ облека со Сет Хари, Пит реши да ги спои своите две страсти – модата и мотоциклите и да создаде ексклузивна модна линија.
Колекцијата е дизајнирана да ги комбинира класичните парчиња од брендот „God’s True Cashmere“ со препознатливите симболи на Харли Дејвидсон: црни и портокалови бои, логоа и познатиот орел со раширени крилја, симбол на сила и слобода кај Харли.
Цените за новите модели се движат од 380 долари за шапка до 2.600 долари за кошула, а поради ограничениот број на произведени парчиња, тие се вистински колекционерски предмети.
Како што истакнува агенцијата, со оваа колекција, „Бред Пит дополнително го потврдува својот статус на една од најстилските холивудски ѕвезди, чија страст кон мотоциклите сега наоѓа моден израз“.


