Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

ФОТО | Бред Пит драстично го промени изгледот: Снимен со долга руса коса и мустаќи

Бред Пит го фотографирале на сетотт на неговиот нов филм „Авантурите на Клиф Бут“, продолжение на хитот на Тарантино од 2019 година „Си беше еднаш во Холивуд“, но овој пат во режија на Дејвид Финчер. Ликот на Бред, Клиф Бут кој има руса коса и мустаќи привлече особено внимание.

Сценариото за филмот го напиша Тарантино, а приказната се одвива осум години по настаните од оригиналниот филм, кој сега се одвива во 1977 година.

Филмот неодамна започна да се снима во Калифорнија, а првите фотографии од Пит на снимањето се појавија на социјалните мрежи, давајќи им на обожавателите увид во новото поглавје на филмот.

 

Во драмата на Тарантино за „семејството“ Менсон и Шерон Тејт од 2019 година, Пит го играше каскадерот Клиф Бут заедно со Леонардо Дикаприо (кој го играше актерот Рик Далтон) и Марго Роби (како Тејт).

Иако враќањето на Леонардо Дикаприо како Рик Далтон не е потврдено, во април 2025 година беше објавено дека тој е во преговори за враќање.

Бред Пит веќе е ангажиран да ја повтори својата улога, наградена со Оскар, а филмот носи и неколку нови лица. Во глумечката екипа се Скот Кан, Елизабет Дебики, Јахја Абдул-Матин II, Карла Гугино, Холт МекКалани, ЏејБи Тадена и Кори Фогелманис.

За новата улога, Пит додаде долги руси прамени и мустаќи, што е доста различно од неговиот претходен имиџ, кој беше адаптиран за ликот што го толкуваше во филмот „Ф1“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот