ФОТО | Бразилец има 6 жени и сака бебиња со сите

Фото: Принтскрин - Инстаграм

37-годишен маж од Бразил има шест жени и планира да има бебиња со секоја од нив.

Артур О Урсо моментално е оженет со Луана Казаки (27), Емели Соуза (21), Валквирија Сантос (24), Олинда Марија (51), Дамијана (23) и Аманда Албакерки (28), пишува Њујорк пост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arthur O Urso (@arthurourso)

Тој не сака да разочара ниту една од нив, и затоа се одлучуиле за сурогат мајчинство за да го зголемат своето семејство.

„Не сакам да вознемирувам ниту една од моите шест жени со тоа што ќе одберам која прва ќе забремени, па затоа се одлучивме за сурогат мајчинство“, изјавил Артур за „NudePR“.

Со цел да го започне процесот, Артур сака да ја искористи јајце клетката на својата прва сопруга Луана за првата имплантација.

Сепак, планот барал многу убедување, бидејќи неговите други сопруги на почетокот не биле заинтересирани за идејата. „На почетокот, тоа беше многу деликатна тема, особено затоа што сакам дете со секоја од нив“, објасни Урсо. Сега, планот оди со полна брзина напред, а бразилецот откри дека сите тие се подготвени да потрошат 41.000 долари за целиот процес на сурогат мајчинство, но дека ќе бидат отворени за посвојување и во иднина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arthur O Urso (@arthurourso)


Урсо има 10-годишна ќерка од претходната врска, но се надева на син следниот пат кога ќе стане татко.

Бидејќи полигамијата е нелегална во Бразил, другите сопруги не можеа легално да се венчаат со Урсо, па затоа имале церемонија во католичка црква за да ја официјализираат својата љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arthur O Urso (@arthurourso)

Една од неговите сопруги, Олинда Мари, објасни дека ѝ е навистина важно да има одобрение од Луана, првата сопруга на Артур.

„Таа (Луана) е првата сопруга и морав да добијам одобрување од неа.Тоа беше мешавина од чувства, но кога се запознавме, веќе ја сфативме врската што постоеше меѓу нас“, изјавила Мари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arthur O Urso (@arthurourso)

Таа додаде дека Урсо сепак го има приоритетот број 1. „Очекувам дека сите ќе направиме сѐ што е можно за да се грижиме за нашата љубов, Артур“, изјавила Мари, една од неговите сопруги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот