Бјанка Ценсори - Вест - Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Бјанка Ценсори за оскудните модни комбинации: „Тоа е уметнички израз“

Сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори, се најде во центарот на вниманието поради нова уметничка изложба посветена на неа и нејзините „двојнички“, па во последното интервју, меѓу другото зборуваше зошто често се појавува во оскудни модни комбинации.

Станува збор за проект што ја преиспитува границата меѓу јавната перцепција и личниот идентитет, а Ценсори за неговото значење зборуваше во обемно интервју за магазинот „Интервју“, претставувајќи се преку алтер его под името „Bianca2“.

„Двојничките не се копии на Бјанка. Тие се она што се случува кога јавната слика ќе се одвои од личноста што ја оживува“, изјави 30-годишната Ценсори.

Таа додаде дека како јавна личност често се соочува со бројни верзии од себе што настануваат без нејзина согласност:

„Луѓето проектираат, луѓето измислуваат, луѓето бришат. Затоа таа ги обликува верзиите што тие ги создаваат — фантомските јас“.

Нагласи дека овој уметнички чин не претставува чувство на заробеност, туку токму спротивното. За себе зборуваше во трето лице.

„Ова е чин на повторно преземање контрола. Таа ги враќа неовластените клонови. Не е заробена во својата слика. Таа ја умножува сè додека оригиналот не стане мит“, рече таа.

Посебно објасни и зошто често носи боди-костими што го откриваат речиси целото тело.

„Бодито е најблиску до кожата. Ја отстранува индивидуалноста и го претвора телото во површина. Она што луѓето го гледаат во тоа, фетиш, контрола, моќ им припаѓа ним“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Censori (@biancacensori)

Иако нејзините јавни појавувања често предизвикуваат бурни реакции и критики, Ценсори тврди дека тоа не ја оптоварува.

„Бјанка ги гледа социјалните мрежи неутрално, не како нешто во што е емоционално вклучена, туку како простор во кој перцепцијата брзо и јавно се менува“, појасни таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Censori (@biancacensori)

Иако Канје Вест (48) сè уште јавно не се огласил конкретно за самата изложба, познато е дека силно ги поддржува модните и уметничките избори на својата сопруга. По нејзиното појавување во проѕирен фустан на доделувањето на Греми наградите, раперот не го криеше своето воодушевување.

„Првиот црвен тепих на мојата сопруга отвори сосема нов свет. Постојано ја гледам оваа фотографија, исто како што ја гледав таа вечер со восхит, мислејќи: Леле, толку сум среќен што имам жена која е толку паметна, талентирана, храбра и секси. Таа направи пауза од снимањето на својот прв филм за да сними филм во реалниот живот“, напиша Вест во февруари.

Се огласи мајката на Бјанка Ценсори по скандалот на Греми: Немам што да кажам за неа

ФОТО | Како друга личност: Погледнете како изгледала Бјанка Ценсори пред да се омажи за Канје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот