Бјанка Ценсори - Фото: Javier Rojas / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Бјанка Ценсори се врати на Инстаграм и не е гола

По еден месец целосно отсуство од јавноста, Бјанка Ценсори (30) се врати на Инстаграм по пауза од 11 недели. Таа објави шест последователни фотографии, позирајќи во заводлива долна облека што остава малку простор за имагинацијата, пишува британски „Метро“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Censori (@biancacensori)

Како што неодамна објави „Пејџ сикс“, Ценсори пред ова минатиот петок објави фотографија по повод нејзиното „големо враќање“, но оттогаш е отстранета од Инстаграм. На неа, таа носела тесен комбинезон без прерамки што ги истакнувал нејзините облини.

Бјанка Ценсори – Фото: Инстаграм

Бјанка го надополнила изгледот со беж грејачи за нозе и сребрени потпетици, додека седела на стол во заводлива поза. Нејзиното враќање на социјалните медиуми дојде откако го објави лансирањето на сопствениот бренд во септември. Во тоа време, таа објави на својата Инстаграм приказна: „Доаѓа на 13 октомври“, но не откри за што станува збор. Но, брендот, за кој многумина веруваа дека е поврзан со модата, сè уште не ја виде светлината на денот, по што Ценсори молчеше на социјалните медиуми.

Ценсори, која се омажи за 48-годишниот Вест во 2022 година, ја шокираше јавноста повеќепати со своите смели модни избори, кои честопати вклучуваат малку или воопшто без облека. На едно од своите најсмели појавувања, Ценсори се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите Греми во февруари во целосно проѕирен мини фустан. Само неколку недели подоцна, таа одлучи да раскине со Вест по уште еден негов вознемирувачки антисемитски испади.

„Пејџ Сикс“ објави дека двајцата повторно одлучиле да ја спасат својата врска, а извор близок до двојката рекол дека тие многу разговарале во текот на изминатата недела и засега не се подготвени да се откажат еден од друг. Последен пат биле видени заедно во август на состанок во Лос Анџелес. Ценсори тогаш била без градник, носела горен дел со длабоко деколте и кратки црни шорцеви кои ги покажувале нејзините нозе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот