ФОТО: Бившиот сопруг на Моника Белучи откако е со младата Тина ги следи актуелните трендови

Фото:Инстаграм

Францускиот актер Винсент Касел (53) и неговата помлада сопруга Тина Кунаки (23) се фотографирани на плажа во Бразил, а по тој повод измамија насмевка на многу минувачи и посетители на плажата во тој момент.

Profimedia
Profimedia

Имено, славниот актер и поранешен сопруг на најубавата жена на светот, Моника Белучи, беше фотографиран со својата 30 години помлада сопруга додека таа седеше во неговиот скут, а тој го фотографираше нејзиниот задник за да го објави на социјалните мрежи.

Ова ги насмеа многуте обожаватели кои ги видоа овие фотографии и започнаа приказни дека славниот актер „станал папучар“ откако е во брак со Тина, како и дека се подмладил, па ги следи актуелните трендови.

Profimedia
Profimedia

По тој повод, Тина носеше бел едноделен костим за капење и ги истакна своите долги витки нозе, додека Винсент уживаше на плажа во жолти удобни шорцеви без маица.

Нивната ќерка Амазон (1) беше со нив на плажата и се забавуваше со нејзините родители и игрите со песок.

Profimedia
Profimedia

Да потсетиме, Винсент и Тина објавија дека очекуваат дете само неколку месеци по венчавката во Бидарт во југозападна Франција во август 2018 година, а сега живеат во Бразил каде го минаа и карантинот за време на пандемијата на коронавирусот.

Пред Тина, Винсент беше во брак со најубавата жена на светот, Моника Белучи, од 1999 до 2013 година и со која има две ќерки Дева и Леони.

Преземено од Еспресо.мк

ФОТО: Бившиот сопруг на Моника Белучи ужива со 23-годишната манекенка на плажа во Бразил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот