Фото: Принтскрин - Инстаграм

ФОТО | Битолчанката Ирена која победи во австралиското реално шоу „The Bachelor“ ќе се мажи за „ергенот“

Ирена Србиновска и стана позната на јавноста по победата во осмата сезона од австралиското реално шоу „The Bachelor“.  Денес, 32-годишната девојка која живее во Мелбурн, а потекнува од Битола, го освои срцето на ергенот Локи Гилберт. Од десетината дами кои учествуваа на шоуто, Локи ја избра токму Ирена за своја партнерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TheBachelorsAU (@thebachelorau)


„Ирена, секојпат кога сум со тебе се чувствувам безбедно и заштитено, а тоа е чудно, бидејќи сум навистина голем маж и тоа е ново чувство за мене. Знам дека ќе бидеш прекрасна девојка, сопруга и мајка, ти си сè. Кога размислувам за нашата заедничка иднина, толку сум возбуден и едвај чекам да го пропатувам светот со тебе и да ти ги остварам сите соништа. Многу сум вљубен во тебе“ – со овие зборови Локи ѝ ги откри своите чувства на Ирена.

Од заљубување во реално шоу до вистинска љубов која парот ќе ја озакони со брак на свечена церемонија во Мелбурн. „Ергенот“ Локи Гилберт и Ирена Србиновска ја објавија својата свршувачка во јуни. Се чини дека парот не губи време кога се во прашање подготовките за прославата на нивната свадба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irena ? (@irena_srbinovska)


Говорејќи за „Daily Mail Australia“ во понеделникот, 32-годишната медицинска сестра откри дека парот веќе го одредил точниот датум за нивната свршувачка.

„Стигнуваме до тука! Свршувачката е резервирана за Мелбурн следната година. Ќе биде голема дебела македонско – хрватска – австралиска свадба, а списокот на гости досега е над 300“ – изјави Ирена за споменатиот медиум

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irena ? (@irena_srbinovska)

Ирена за „Daily Mail Australia“ откри и дека допрва треба да оди во потрага по совршената венчаница:

„Немам идеjа како сакам да изгледа мојот невестински фустан од соништата, никогаш порано не сум облекла венчаница, но секако ќе одберам нешто што убаво убаво ќе ми прилега“ – истакнала Србиновска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irena ? (@irena_srbinovska)

Вљубените ријалити гулапчиња, кои се запознаа во реално шоу „The Bachelor“ кое се емитува на австралискиот „Канал 10“, ја потврдија својата свршувачка во заедничка објава на Инстаграм во јуни.

„Госпоѓа Гилберт има убав прстен“, напиша Ирена во описот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irena ? (@irena_srbinovska)

Двојката се сврши пред водопадите Мекензи во националниот парк Грампианс споделувајќи бакнеж пред водопадот откако Локи го постави прашањето, а притоа доби и позитивен одговор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irena ? (@irena_srbinovska)


Парот на фотографиите е облечен во спортка облека, што открива дека Ирена и Локи уживале при оваа незаборавна романтична прошетка во областа, а запросувањето било спонтано во прекрасната природа на националниот парк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот